Сајтех ДОО Скопје
Политика за приватност
Од: 06.02.2023
Сајтех ДОО Скопје, со ЕМБС 7197330, со седиште на ул. Рајко Жинзифов 18/1 кат 2, Скопје; e-mail: alex@pep.mk (“Друштвото“ или “Контролорот“ или “ние“ или “нас“), прибира и обработува лични податоци на физички лица, наши клиенти или договорни страни (“Вие“ или “Вас“). Ние сме целосно запознаени со нашата обврска да обезбедиме заштита на Вашите лични податоци, со обврската да обезбедиме усогласеност со законската регулатива во областа на заштита на личните податоци.
Со оваа Политика за приватност (“Политиката“ или “Политиката за приватност“) Ние го прикажуваме начинот на кој собираме и користиме Лични податоци. Политиката ги опишува методите кои се користат и за кои цели Друштвото ги обработува податоците прибрани од и за Вас во рамки на понудување на нашите услуги и склучување на договори, вклучувајќи ги договорите за пристап до податоци.Оваа политика се применува на:
Сите корисници на нашата веб-страница www.pep.mk
Сите корисници на платформата PEPSearch
Важно!
Прочитајте ја оваа Политика внимателно. Содржани се битни информации за тоа како Ние обработуваме Лични податоци и ги објаснува Вашите законски права. Намената на оваа Политика не е да ги промени условите на било кој договор кој ќе го склучите со Нас, ниту на Вашите права согласно применливите закони за заштита на личните податоци.
Ние не обработуваме лични податоци за лица под 18 години.
Ве молиме да не ни ги давате Вашите лични податоци, ако сте под 18 години.
Ние бараме и Ваша поддршка за одржување на вашите лични податоци со тоа што не информирате за било која промена во Вашите Лични податоци.
Со давањето на Вашите Лични податоци или користењето на Достапните канали, Вие ни верувате и доброволно ги прифаќате условите од оваа Политика за приватност.
Доколку Вие давате податоци за друго лице во нивно име, Вие треба да се осигурате дека на тоа лице е доставена оваа Политика за приватност и дека се испочитувани законските барања пред да ги доставите податоците.
1. КОНТРОЛОР
Сајтех ДОО Скопје,
седиште: Рајко Жинзифов 18/1 - Кат 2, Скопје
контакт: Александар Велков ( alex@pep.mk )
Контролорот е во целост одговорен за правилна и законска обработка на Личните податоци кои законски ги обезбедуваме од Вас.
2. ДЕФИНИЦИИ И ПОИМИ
Во Законот се предвидени бројни дефиниции и не е соодветно да се пренесат сите овде. Но, најзначајните дефиниции во однос на оваа Политика се:
„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на Вашите Лични податоци.
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на Вас, вклучувајќи податоци обезбедени од јавни регистри и јавни бази и податоци законски обезбедени преку трети лица, преку кои Вие може да бидете директно или индиректно идентификувани, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, институција, функција која ја вршите, електронска пошта или повеќе обележја специфични за Вашиот идентитет;
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои можат да бидат извршени врз Вашите лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
„Псевдонимизација на Лични податоци“ или “Анонимизирање на Лични податоци“ е алтернатива на бришење или уништување на Вашите Лични податоци. Со ова се отстрануваат сите елементи кои со кои директно или индиректно може да бидете идентификувани. Псевдонимираните или анонимизираните податоци, не претставуваат Лични податоци.
“Закон” – Закон за заштита на личните податоци (Службен весник бр.42/20)
3. НАЧЕЛА ПОВРЗАНИ СО ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
3.1 Ние ги Обработуваме Вашите Лични податоци во согласност со применливи закони, вклучувајќи ги Законот за заштита на личните податоци, оваа Политика и условите од договорите кои ги склучуваме со Вас.
3.2 Ние ги Обработуваме Вашите Лични податоци на сигурен и доверлив начин. Ние го почитуваме правото на секое лице за заштита на нивните Лични податоци и ќе вложиме најголеми напори да осигураме дека Личните податоци прибрани од наша страна се соодветно заштитени. Ние редовно ги оценуваме ризиците поврзани со Обработката на Личните податоци и ќе имплементираме соодветни стратегии за нивно ублажување и отстранување на ризиците.
3.3 Заштитата на личните податоци е интегрален дел од нашите услуги и е надгледувана од нашиот офицер за заштита на личните податоци. Ние обезбедуваме дека нашите вработени знаат и се усогласени со барањата за заштита на лични податоци. Ние очекуваме, даваме инструкции и ги обучуваме нашите вработени да ги почитуваат нашите процедури за заштита на личните податоци.
3.4 Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци согласно со закон и за легитимни цели. Ние поставуваме јасни цели за Обработката на личните податоци и ги обработуваме лични податоци единствено за тие цели. Ние не прибираме лични податоци кои не ни се потребни. Ние имаме право да ги избришеме/“замаглиме“ или на друг начин да ги направиме податоците/документите доставени до Нас нечитливи и кои не се потребни за обезбедување на нашите услуги.
3.5 Ние ги Обработуваме Вашите Лични податоци на транспарентен и правичен начин. Ние обезбедуваме соодветна заштита, правичен и законит начин на Обработка на Вашите Лични податоци со цел да неовластено обелоденување или употреба на Вашите Лични податоци.
3.6 Ние ги чуваме Вашите Лични податоци во рок кој е пропишан со закон или договор или е потребен за обезбедување на нашите услуги. На крајот на рокот за чување, Ние трајно ќе ги избришеме Вашите Лични податоци или ќе ги анонимизираме.
3.7 Ние вложуваме најдобри напори да обезбедуме дека Вашите Лични податоци кои ги обработуваме се точни и и ограничени на она што е неопходно.
4. КАКО НИЕ ГИ ПРИБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние може да ги прибереме и обработиме Вашите Лични податоци во следните случаи:
Доколку Вие не контактирате преку било кој од Достапните канали да побарате информација за нашите производи и услуги;
Доколку за одредени податоци со закон е предвидено давање на писмена согласност, таквата согласност Вие ќе ја дадете или во деловните простории на Контролорот или во просториите на нашите партнери или во случај на електронски канали со обележување на соодветно поле/полиња, во кој случај согласноста е изедначена со согласност дадена во писмена форма;
Преку проверки во бази на податоци, како на пример Државната Комисија за Спречување на Корупција, Службен Весник на Република Северна Македонија, проверка на интернет страните на органите на државната управа итн. ;
Доколку Вашите податоци се достапни за времетраење на договор за обезбедување на услугите на Контролорот;
Доколку Вие се согласите за директен маркетинг, на пример при пополнување на изјава или поднесување на податоци електронски;
Доколку други правни лица, вклучувајќи партнери направат дозволен пренос на Вашите Лични податоци до Нас.
5. КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ
Сајтех може да ги собере следниве податоци или тип на информации:
Основни лични податоци за склучување на Договор за користење на софтверската платформа (име, презиме, меил адреса)
Останати податоци за реализација на Договор за користење на софтверска платформа (Име, Презиме, Назив)
Информации за вашиот компјутер (IP адреса, тип на уред, тип на прелистувач)
Сајтех внимателно го штити принципот на минимален износ на податоци што се предвидени со закон, така што ги собираме само информациите што се потребни, релевантни и ограничени на она што е потребно за целите за кои се обработува.
6. ЗОШТО И ВРЗ КОЈ ОСНОВ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Главната цел заради која Ние ги Обработуваме Вашите лични податоци или личните податоци на Вашиот застапник е воспоставување на деловен однос, склучување и раскинување на договори за користење на платформата PEPSearch, обезбедување на подобра корисничка услуга за Вас, давање на понуди, анализирање на искористеноста на постоечките услуги и развој на нови услуги.
Целите за кои ќе ги користиме вашите лични податоци се следниве:
За склучување на договор со Нарачател и регистрација во платформата PEPSearch неопходни се следниве лични податоци: (име, презиме, електронска адреса)
За исполнување на обврската од Договорот – Пребарај Носител на Јавна Функција (име, презиме)
За исполнување на обврските од Правилникот за Техничко Организационите Мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци – Мониторинг и Логирање, неопходни се следниве податоци (IP Адреса, Тип на Уред, Тип на пребарувач)
7. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗАРАДИ МАРКЕТИНГ
Ние обработуваме Лични податоци за маркетинг цели. Доколку таквата обработка е врз основа на Ваша согласност, Вие имате право да ја повлечете таквата согласност во секое време. Доколку пак обработката не е врз основа на Ваша согласност, Вие може да одбиете да добивате такви известувања во секое време, исто така. Со цел да ја повлечете Вашата согласност за добивање на маркетинг материјали, ве молиме да испратите порака на нашите контакти или управувајте со Вашите согласности преку нашите Достапни канали. Насоките за повлекување на согласноста се исто така вклучени во нашата маркетинг комуникација.
8. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ДО ТРЕТИ СТРАНИ
8.1 Ние ќе ги обелодениме и/или пренесеме Вашите Лични податоци:
8.1.1 на лица и организации поврзани со давањето на нашите услуги и исполнувањето на договорите кои сме ги склучиле со Вас (преведувачи, даватели на ИТ услуги, даватели на контакт центар услуги);
8.1.2. во други регистри (пр. Регистар на население, комерцијални регистри, итн.) од кои ние бараме Ваши Лични податоци со цел проверка статусот на јавната функција или заради имплементирање на преддоговорни маерки или договор склучен со Вас;
8.1.3. на трети лица заради обезбедување на услуга побарана од Ваша страна;
8.2 Во одредени случаи, можеби ќе бидеме обврзани да ги обелодениме и пренесеме Вашите Лични податоци заради исполнување на законски обврски – владини и други органи, институции, осигурителни компании, осигурителни брокери, банки и институции во рамки на нивните активности и во согласност со Законот, Закон за заштита на личните податоци и останати прописи во Македонското законодавство (пр. Пренос на податоци до Управата за финансиско разузнавање итн.).
9. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ
Ние ги Обработуваме Вашите Лични податоци во Република Северна Македонија и Европскиот економски простор, но би можело да има случаи во кои би морале да ги пренесеме Вашите Лични податоци, и истите да бидат обработувани, во земји надвор од Европскиот економски простор.
10. КАКО ГИ ШТИТИМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
10.1 Ние ги заштитуваме Личните податоци со стриктно почитување на важечката Македонска регулатива и принципите од Законот, како и рамката поставена со директивите на Европската унија за заштита на Личните податоци
10.2 Вашите податоци се чуваат на наши безбедни сервери или на серверите на наши даватели на услуги или деловни партнери .Податоците се достапни и се користат во согласност со нашите безбедносни политики и стандарди (или оние на нашите даватели на услуги или деловни партнери), секогаш во согласност со применливите закони и потребните безбедносни мерки.
10.3 Иако не можеме да гарантираме дека преносот на податоци преку интернет, Веб страната или PEPSearch е во целост заштитен од сајбер напади, ние и нашите деловни партнери вложуваме напори да одржуваме технички и организациски мерки за физичка и лична заштита и заштита на автоматизираните информациски системи во врска со Вашите податоци во согласност со применливите закони. На пример, ние ги применуваме следните мерки:
Стриктно лимитирање на пристап од нашите вработени и даватели на услуги до Вашите податоци
Личните податоци се чуваат електронски во бази на податоци и заеднички фолдери заштитени со лозинка или друг вид на авторизација; се создаваат копии и “backups“ заради континуитет; системите исто така чуваат историја на логови за активностите
Вработените кај Контролорот кои обработуваат Лични податоци се запознаени со законската регулатива, политиките на Контролорот и идентификуваните ризици и сценаријата за нивно настанување;
Системите за обработка на податоци, вклучително и лични, се предмет на редовни контроли. За целите на целосно следење и навремен одговор, записите со информација за секој пристап и активност преземен во врска со Личните податоци се чуваат од Контролорот.
Кога ние Ви доставуваме (или одбираме да Ви доставиме) лозинка со која Вие добивате пристап до одредена локација на Веб страната или друг портал или услуга која ние ја обезбедуваме, Вие сте одговорни за доверливоста на лозинката и за усогласеност со било која друга безбедноста процедура за која ќе Ве известиме. Ве молиме, не ја споделувајте лозинката со друг.
11. КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
11.1 Ние ги обработуваме Вашите Лични податоци онолку колку што е потребно за исполнување на целта на Обработката или исполнување на законска обврска. Периодот на чување на Личните податоци е врз основа на договор склучен со Вас, наш легитимен интерес и/или закон. Доколку Вашите податоци се обработувани за повеќе од една цел, Ние ќе ги чуваме за најдолгиот предвиден период; но нема да ги обработуваме за целите со пократок период на чување, по истек на тој рок.
11.2 Во одредени случаи, Ние би морале да ги чуваме Вашите Лични податоци за подолг период со цел да имаме точни податоци за Вашиот деловен однос со Нас и во случај на поплаки или спорови или доколку сме разумно убедени дека постои можност за судска постапка во која Вашите Лични податоци би биле потребни.
11.3 Времето на чување е во согласност со нашите деловни потреби и во согласност со применливите закони. Личните податоци кои не се потребни ќе бидат Псевдонимизирани или Анонимизирани или избришани/уништени.
12. КОЛАЧИЊА
12.1 Обработка на колачиња:
Колаче е мала текстуална датотека што веб страната ја зачувува на Вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате страницата. Тоа и овозможува на веб-страницата да ги запамети Вашите активности и параметри (како што се најава, јазик, големина на фонт и други прилагодувања на екранот), па затоа не мора повторно да ги внесувате кога ќе се вратите на страницата или пребарувате од една страница до друга.
Колачиња на Интернет пребарувачот
Нашата страница може да користи колачиња за да го подобри корисничкото искуство. Вашиот Интернет пребарувач зачувува колачиња на Вашиот компјутер за да ги чува посетите на страната. Може да изберете да ги одбиете колачињата или да добиете предупредување секогаш кога се испраќаат колачиња. Доколку сте ја одбрале оваа опција, одредени делови од страницата може да не функционираат како што треба.
Google, Facebook and AdForm колачиња
Ние користиме колачиња за онлајн рекламирање na платформата за онлајн маркетинг Google AdWords. Ова вклучува употреба на трети лица, вклучувајќи го и Google, за да Ви покаже реклами по посетата на нашиот сајт. Ова може да биде во форма на реклама на страната за пребарување на Google или на Google Display Network. Ние и продавачите на трети лица, вклучувајќи го и Google, заеднички користиме колачиња (како што е Google Analytics) за да анализираме како нашите рекламните услуги се поврзани со посети на нашата веб-страница. Можете да одредите како Google прикажува реклами според Вашите рекламни прилагодувања.
Ние користиме колачиња за онлајн рекламирање на платформата AdForm Remarketing. Ова вклучува употреба на трети лица, за да Ви покаже реклами по посетата на нашиот сајт. Ова може да биде во форма на реклама на AdForm Display Network. Ние и продавачите на третите лица, заеднички користиме колачиња за да анализираме како нашите рекламните услуги се поврзани со посети на нашата веб-страница. Можете да одредите како Google прикажува реклами според Вашите рекламни прилагодувања. Можете да одредите како AdForm прикажува реклами во Вашите рекламни прилагодувања.
Ние ја користиме платформата за маркетинг и ремаркетинг на Фејсбук, која вклучува употреба на податоци од нас и трети лица, вклучувајќи го и Фејсбук, за да Ви покажеме реклами по посетата или интеракцијата со нашиот сајт. Ова може да биде во форма на рекламирање на платформата на Facebook. Ние и продавачите на трети лица, вклучувајќи го и Facebook, заеднички користиме колачиња за да објасниме како нашите рекламните услуги се поврзани со посети на нашата веб-страница.
Сајтех користи колачиња со платформата Google Analytics за да собира статистички податоци за демографски и сопствени интереси, при што извештаите за овие податоци се агрегатни и не го идентификуваат поединечниот корисник. Овие статистики се користат за оптимизирање и насочување на нашите маркетинг услуги кон одредени групи и оптимизирање на содржината на нашата веб-страница. Посетителите можат да се откажат од Google Analytics за прикажување на реклами и да се прилагодат на рекламите во Google Display Network.
Колачињата на Google Analytics ни овозможуваат да собираме информации за однесувањето на анонимни корисници на нашата страница. Информациите се анонимни и не содржат никакви лични податоци. Информациите собрани од колачињата на Google Analytics на нашата веб-страница се пренесуваат и складираат на серверите на Google во согласност со Политиката за приватност на Google.
Ние користиме алатки за следење на резултатите од Google AdWords и Facebook и ги оптимизира рекламните алатки. Нивната употреба ни овозможува да ги земеме предвид интеракциите помеѓу рекламите и сродните конверзии со нашиот сајт.
Може да се откажете од ремаркетинг со посета на линковите подолу:
За Google: https://support.google.com/google-ads/answer/2375362?co=ADWORDS.IsAWNCustomer%3Dfalse&hl=en
За Facebook: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/
За AdForm: https://site.adform.com/privacy-center/platform-privacy/opt-out/
12.2 Управување и бришење на колачиња:
Вие можете да прифатите или одбиете колачиња со промена на поставките на Вашиот пребарувач. Доколку колачињата се оневозможени, Вие може нема да бидете во можност да ги користите сите интерактивни содржини на Нашата Веб страна.
Најновите пребарувачи Ви озможуваат контрола на колачињата преку зачуваните поставки на пребарувачот.
12.3 Колачињата ни овозможуваат:
12.3.1 Да овозможиме Нашата Веб страна да работи согласно Вашите очекувања;
12.3.2 Да се запаметат Вашите поставки за време на посетата;
12.3.3 Постојано да ја подобруваме Веб страната за Вас;
12.3.4 Да ја подобриме нашата ефикасност во рекламирањето.
12.4 Употребата на колачиња спаѓа во повеќе категории:
12.4.1 Колачиња за функционалности на веб страна:
Ние користиме колачиња за да ја направиме нашата Веб страна подобра. На пример, ние чуваме податоци кога Вие ќе се логирате на Веб страната за да не мора да се логирате секојпат кога ќе посетите различна страна/мени за време на сесијата.
12.4.2 Откако ќе се одлогирате од пребарувачот, сесијата на колачиња ќе биде избришана.
Аналитички колачиња:
Аналитичките програми употребуваат колачиња за прибирање статистички податоци кои ни овозможуваат да ја подобриме нашата Веб страна. Освен во случаите кога Вие изрично ќе не известите со пополнување на форма или ќе не повикате, сите податоци собрани со аналитички програми се чуваат анонимно и ние гледаме единствено општи, а не и специфични индивидуални податоци.
Примери:
Како сте дошле до нашата Веб страна (пр. Од пребарувач, реклама итн.);
Активностите кои Вие ги преземате на Веб страната, како на пример бројот на прегледани страни, времето потрошено на страната, на која страна посетителот ја напуштил Веб страната;
Колку често се навраќате на нашата Веб страна;
Употребената технологија од посетителите (пр. Пребарувач, оперативен систем, уред итн.).
12.5 За да дознаете повеќе за колачињата општо и како да ги управувате, ве молам посетете ја страната www.aboutcookies.org.
13. ВАШИТЕ ПРАВА ВО ВРСКА СО ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
13.1 Вие имате права во врска со Вашите Лични податоци, како правото да:
(a) Побарате од нас дополнителни информации за тоа како се користат Вашите податоци;
(b) Побарате од нас да Ви дозволиме пристап до Вашите Лични податоци и да Ви доставиме копија од истите;
© Ги добиете Вашите Лични податоци и кои Вие сте ни ги доставиле на структуриран, широко распространет и машински читлив формат и, кога е технички возможно, да се пренесат податоците до друг контролор без пречки но само кога обработката на таа информација е заснована на Вашата согласност или договор и се спроведува автоматизирано;
(d) Побарате од нас ажурирање на било кој неточен податок кој го чуваме и да го корегираме / ажурираме;
(e) Побарате да ги избришеме или анонимизираме сите Ваши лични податоци за кои немаме повеќе законска обврска за обработка и/или чување;
(f)Ја повлечете во секое време Вашата согласност за обработка на лични податоци кога обработката е заснована на Ваша согласност и во врска со директен маркетинг со цел да престанеме да ги обработуваме за таа цел од тогаш натаму;
(g) Вложите приговор на обработката за целите на автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучително и профилирање, кога тоа значајно Ве засега, и имате можност да го остварите правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на контролорот, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука;
(h) Побарате од нас ограничување на обработката на Вашите податоци, на пример за време на испитување на поплака.
13.2 Постапка за остварување на правата:
13.2.1 Можете да доставите барање за остварување на Вашите права до Контакт Лицата на еден од следните начини: на лице место, по пошта (вклучително и емаил), телефон или факс, како што е наведено во точка 1 погоре.
13.2.2 Секоја Ваша апликација или барање има приемен број, се разгледува, ние го потврдуваме Вашиот идентитет и правото кое што сакате да го остварите и одговараме во рок од еден месец од прием на барањето. Во случај на комплексен случај или за време на прием на бројни барања, периодот за одговор може да се продолжи за дополнителни два месеци за што ќе бидете известени. Во случај на одбивање на барањето, ние ќе ги наведеме причините за одбивање, писмено.
13.2.3 Остварувањето на овие права е предмет на одредени исклучоци, на пример во случај на заштита на јавниот интерес (пр. Спречување на кривични дела) или нашите интереси или правата и слободите на трети лица.
Доколку имате било какви други прашања во врска со Вашите податоци, Ве молиме контактирајте не согласно наведеното во точка 1 погоре (Понеделник до Петок од 08:00 до 16:00 часот).
Во случај да не сте задоволни со начинот на обработка на Вашите податоци или нашиот одговор при остварување на овие права, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци на: бул. Гоце Делчев бр.18, Скопје, веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp . Ве молиме обидете се да го решите прашањето претходно со нас, иако имате право во секое време да контактираме со Агенцијата за заштита на личните податоци.
14. ПРОМЕНИ ВО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКИН НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
14.1 Информирајте не веднаш во случај на промени во или неточност на Вашите Лични податоци доставени до Нас. На наше барање, доставете документ кој ќе ги докаже направените промени
16.2 Се трудиме и вложуваме напор да вршиме редовни проверки на целосноста и точноста на Вашите Лични податоци.
17. АЖУРИРАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА
Од време на време, може да направиме измени на оваа Политика. Сите промени ќе се применуваат од кога ревидираната Политика ќе биде објавена на Веб страната, а ќе биде објавено и известување на Веб страната.
Сајтех ДОО Скопје