Сопственик на интернет порталот www.pep.mk е правното лице Сајтех ДОО Скопје, со седиште на Ул. Рајко Жинзифов 18/1 - Кат 2, Центар - Скопје, Р. Македонија, со ЕМБС: 7197330, во понатамошниот текст: Давател на услуга.
1.ПРЕДМЕТ
Содржината на општите услови за употреба на порталот www.pep.mk (во понатамошниот текст: општи услови) ја вклучува употребата на податоците содржани на порталот www.pep.mk и услугите опишани во упатствата на Давателот на услугата, а кои претставуваат составен дел од www.pep.mk. Корисникот е должен во целост да ги почитува обврските и ограничувањата во врска со употребата на податоци и базата на податоци како што е определено во понатамошните членови.
2.ПОДАТОЦИ
Давателот на услугата ќе овозможи поставување и одржување на податоците на www.pep.mk. Податоците се добиваат од јавно достапните извори како што се Државната Комисија за Спречување на Корупцијата, Службен Весник на Република Северна Македонија, Интернет страните на органите на државните управи, Интернет страните на единиците на локалните самоуправи и Градот Скопје и други релевантни извори. Давателот на услугата во рамките на својот продукт и услуги ќе настојува да го наведува изворот на информациите. Базата на податоци ќе се полни со следниве податоци:
Податоци за Носител на Јавна Фунцкија (Име, Презиме, Име и Презиме (Македонски Јазик), Име и Презиме (Албански Јазик), Име и Презиме (Англиски Јазик), Назив на Функција која ја извршувал, Статус на функцијата, Датум на почеток на функцијата, Датум на завршување на функцијата, Институција )
Податоци за Соработник на Носителот на Јавната Функција (Име, Презиме, Име и Презиме (Македонски Јазик), Име и Презиме (Албански Јазик), Име и Презиме (Англиски Јазик), Како е поврзан со Носителот на Јавната Функција )
Корисниците се должни доследно да го почитуваат и употребуваат начинот на наведување на изворот на податоци.
3.ДОСТАПНОСТ ДО СИСТЕМОТ
Давателот на услугата ќе го одржува www.pep.mk во таква смисла, што како правило, порталот ќе биде достапен 24 часа во денот, секој ден од годината. Давателот на услугата го задржува правото на кратки прекини за употреба на www.pep.mk поради технички причини поврзани со одржување или замена на техничката опрема, но не ограничувајќи се само на наведените. Во врска со одржувањето на www.pep.mk, Давателот на услугата исто така го задржува правото на подолги прекини за употреба на www.pep.mk во текот на работната недела доколку постојат технички пречки за непречено користење на www.pep.mk.
4.НАЧИН НА ПРИСТАП
Начинот на пристап до www.pep.mk е определен во упатството за користење на www.pep.mk, активацискиот меил за овозможување на пристап за користење на услугата, како и во останатите електронски известувања за продолжување на важноста на пристапот до www.pep.mk доколку дојде до продолжување на претплатничкиот однос. За можни промени во начинот на пристап и употреба на порталот, Давателот на услугата промените правовремено ќе ги објави на електронската страна www.pep.mk, а доколку се работи за поголеми промени, Корисникот ќе биде известен по писмен или електронски пат.
Употребата и пристапувањето на www.pep.mk е гарантирано и непрекинато 24 часа дневно, секој ден во годината освен во случаевите одредени во точка 3 од општите услови. Давателот на услугата го задржува правото да го ограничи или прекине пристапот за употреба на www.pep.mk за секој поединечен кориснички пристап во случај на сомнеж за злоупотреба или повреда на членот 10 од општите услови. Давателот на услугата исто така го задржува правото во случај на сомнеж за злоупотреба кој значи кршење на општите услови да го ограничи пристапот или да ја одземе можноста за употребата на www.pep.mk за поединечен кориснички пристап, а против кршителот на правата на интелектуална сопственост (авторски права, права на изработувачи на база на податоци) и други прописи ќе постапи согласно закон. Давателот на услугата го задржува правото да направи промена на општите услови за користење на www.pep.mk. За новите општи услови кои ќе се применуваат, Давателот на услугата е должен да испрати електронско известување на меилот на Корисникот наведен во формуларот за нарачка 60 дена пред истите да стапат во сила. Корисникот е должен да се придржува до новите општи услови и за настаната промена не е потребна согласност.
6.ДРУГИ ПРАВИЛА НА УПОТРЕБА
Со цел да се обезбеди висок квалитет на услугата, Корисникот ќе ги земе во предвид сите инструкции и останати правила за употреба и користење наведени во упатствата и брошурите од страна на www.pep.mk, како и он-лине информациите за тоа како се пристапува и користи www.pep.mk. Корисникот ја презема обврската да го користи корисничкото име и лозинката дадена од Давателот на услугата секогаш кога пристапува, логира на www.pep.mk. Давателот на услугата го задржува правото да врши промена на доделените кориснички параметри на корисниците. Давателот на услугата се обврзува промените на корисничките параметри да го чини на начин што ќе овозможи непречено користење на www.pep.mk од страна на корисниците.
7.ПОЧЕТОК НА ПРЕТПЛАТА
Во период не подолг од 2 (два) работни дена по денот кога е примен уредно пополнетиот формулар за нарачка за користење на www.pep.mk, Давателот на услугата ќе испрати корисничко име и лозинка по електронски пат на наведената е-пошта во формуларот за нарачка, со што на Корисникот ќе му се овозможи пристап до услугите на www.pep.mk. Како почетен датум на претплатата се смета денот кога Корисникот го примил корисничкото име и лозинката за најава на www.pep.mk. Доколку дојде до спор помеѓу Давателот на услугата и Корисникот при што како доказ за овозможување на пристап до услугата ќе треба да се приложи активацискиот меил, а овој меил не може да се приложи поради технички причини од страна на Давателот на услугата или Корисникот, за почетен датум на претплатата ќе се смета денот кога е примен кај Давателот на услугата пополнетиот формулар за нарачка за користење на www.pep.mk. Претплатничкиот (договорниот) однос се склучува за период од 1 (една) година сметано од денот на испраќање на активацискиот меил за користење на www.pep.mk или од приемот на пополнетиот формулар за нарачка за користење на www.pep.mk.
8.ЦЕНОВНИК ЗА УСЛУГИТЕ И ДОСТАВА НА ФАКТУРА
Цените за користење на услугите достапни на www.pep.mk ги одредува Давателот на услугата и истите се достапни на самиот портал www.pep.mk. Тарифата за користење на услугите достапни на www.pep.mk ќе биде усвоена од страна на управувачкиот орган на Давателот на услугата. Давателот на услугата се обврзува постојано да ги објавува промените во ценовникот за користење на www.pep.mk на интернет страната www.pep.mk. Во случај кога Корисникот не ги исполнува своите обврски од општите услови, Давателот на услугата има право да преземе соодветни правни мерки, со тоа што Давателот на услугата има право на поврат на сите трошоци настанати во сите постапки пред надлежните институции и органи во однос на предметниот спор доколку надлежниот орган/институција утврди дека истите се оправдани. Корисникот се согласува фактурите за користење на услугите на www.pep.mk да ги добива на електронската пошта наведена во формуларот за нарачка за користење на www.pep.mk со што се смета дека фактурата е уредно доставена и примена од страна на Корисникот. Освен ако писмено не е поинаку договорено, Корисникот е должен да изврши уплата на предметната фактура во рок од 10 (осум) дена по прием на истата по пат на е-пошта.
9.КОРИСНИЧКИТЕ ПАРАМЕТРИ КАКО ДЕЛОВНА ТАЈНА
Корисникот се обврзува доделените кориснички параметри од страна на Давателот на услугата за најава на www.pep.mk да ги чува како деловна тајна и да ја ограничи употребата исклучиво на овластеното лице назначено како носител на корисничкиот профил за користење на www.pep.mk. Корисникот е одговорен и должен да плати надомест на штета во случај корисничките параметри да бидат користени на неовластен начин од страна на трето лице. Корисникот е должен да го информира Давателот на услугата доколку се сомнева дека корисничките параметри се користат од страна на неовластено лице. Давателот на услугата веднаш ќе му додели нова лозинка на Корисникот, без надоместок. Сите трошоци и евентуална штета направени како последица на евентуална злоупотреба од страна на Корисникот, истиот е должен да му ги надомести на Давателот на услугата.
10.ОДГОВОРНОСТ ЗА УПОТРЕБА НА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА
Корисникот е одговорен да користи јавна комуникациска мрежа во согласност со сите прописи, атести, дозволи и слично. Давателот на услугата треба да обезбеди соодветна опрема само на своја страна и не може да биде одговорен за било какви неправилности или незаконитости кои би настанале поради несоодветна опрема или управување од страна на Корисникот. Давателот на услугата не е одговорен заради прекин на пристапот до www.pep.mk кој би настанал поради грешка на компанијата која е доставувач на интернет до Давателот на услугата. Давателот на услугата не е одговорен за било каква посредна или непосредна штета или непријатност која би можела да се појави кај Корисникот поради можни технички тешкотии или престанок на работењето на www.pep.mk, а кои не се директно поврзани со него како Давател на услугата.
Давателот на услугата, во вообичаеното работно време (од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок), со исклучок на државните и христијанските празници, ќе гарантира бесплатна помош и советување при употреба на www.pep.mk, преку телефон или електронска пошта.
12.ЗАШТИТА И КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Давателот на услугата ќе ги штити податоците на Корисникот како деловна тајна и истите нема да ги открива на трети лица. Давателот на услугата, сите податоци ќе ги заштитува како деловна тајна, со следните исклучоци: Фирмата (називот), седиштето и логото на Корисникот може да бидат јавно објавени на www.pep.mk како листа на корисници односно референтна листа. Во ниту еден случај Давателот на услугата нема да дава податоци за Корисникот во врска со содржината и употребата на www.pep.mk.
13.ОДГОВОРНОСТ ЗА УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ
Иако Давателот на услугата е уверен дека сите податоци кои се наоѓаат на страната www.pep.mk, се квалитетни, исправни и ажурни, Давателот на услугата не е одговорен за никаква директна или индиректна штета која е настаната поради употреба на податоци кои се наоѓаат на веб порталот www.pep.mk, односно поради можни грешки и неточни податоци кои можат да се најдат на страната www.pep.mk. Давателот на услугата изјавува дека сите податоци и други услуги кои ги нуди на www.pep.mk се на располагање во постоечкиот облик и не гарантира за нивната точност и користењето од страна на Корисникот за негови понатамошни намени.
14.АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Корисникот се согласува дека е запознаен со инструкциите и правилата за употреба на www.pep.mk, како и дека ќе ги почитува сите правила и прописи во врска со авторските права утврдени во општите услови за користење на www.pep.mk и во законската регулатива. Корисникот се обврзува дека доследно ќе ги почитува сите авторски и сродни права на Давателот на услугата како и трети лица кои се сопственици на тие права на податоци односно база на податоци. Корисникот се обврзува дека нема да ги менува или да на било кој друг начин посегнува по содржината на податоците кои се наоѓаат на www.pep.mk.
Корисникот се согласува дека податоците добиени од страната www.pep.mk ќе ги користи исклучиво за свои цели и дека нема да ги дистрибуира во облик или намена која не е во согласност со општите услови и тоа без согласност на Давателот на услугата. Пред се нема да ги користи и копира поединечните податоци и податоци внесени во базата и делови од базата на www.pep.mk на друг компјутер или било кој друг медиум со намера за користење на тие податоци, уредени исто, или слично, како што се уредени во базата на www.pep.mk. Корисникот ги сноси сите одговорности за штета настаната од користење на податоците добиени на страната www.pep.mk која е против правилата на користење и одредбите од општите услови. Во случај на кршење на правилата од страна на Корисникот, нему ќе му биде оневозможен пристапот до www.pep.mk и против кршителот ќе се постапи во согласност со законот.
16.ПРЕСТАНОК НА ПРЕТПЛАТАТА
Ако на друг начин не е писмено договорено, претплатата односно договорот за користење на www.pep.mk се склучува за период од една година согласно член 7 од општите услови. Во случај на прекршување на општите услови за користење на www.pep.mk од страна на Корисникот, како и доколку не изврши уплата на надоместокот за користење на услугата, Давателот на услугата има право да го прекине претплатничкиот однос. Давателот на услугата за намерата за прекин на услугата однапред го известува Корисниот по електронски пат и Корисникот во рок од три дена мора да ги подмири сите обврски према Давателот на услугата. Доколку и во предвидениот рок, Корисникот не ги подмири обврските кон Давателот на услугата, тој ќе му го оневозможи на Корисникот пристапот до www.pep.mk и ќе ги побарува своите права пред надлежните институции и органи согласно позитивната законска регулатива. Корисникот може да ја откаже претплатата за следната година за својот кориснички профил 30 дена пред истекот на важечката претплата, односно договор. Последица за кршење на било кој од општите услови е престанок на претплатата со денот на утврдувањето на настанатиот прекршок.
17.РЕШАВАЊЕ НА СПОР
За сите идни евентуални спорови е надлежен Основниот Граѓански Суд во Скопје.