PEPSearch им помага на оние што сакаат да проверат кои се носители на јавни функции и дали имаат поврзани лица. Доколку сте субјект од Законот за Спречување на Перење Пари, секојпат кога ќе Ви дојде клиент, Вие треба да проверите дали тоа лице е функционер или е поврзано лице со функционер. Законот вели дека ако јас отидам во банка, штедилница, брзи кредити, брокер, лизинг, инвестициски фонд, животно осигурување, менувачници, крипто, или отидам во казино, обложувалници, автомат клубови, лотарии итн, ако отидам кај нотар, адвокат, ревизор, сметководител, или пак отидам кај агенции за недвижности за износи над 10.000 евра, или трговија на слики и уметнички дела, или во заложна куќа да оставам под залог, е сите овие треба да ме проверат дали сум функционер или сум поврзано лице со функционер
Сите овие што ги набројав денеска тоа го прават “рачно“, пребаруваат по интернет, “гуглаат“ или некои имаат решение така што ќе Ви дадат да пополните изјава и Вие самите да си кажите дали сте функционер или не. Праксата покажува дека тоа не е најдобро решение, бидејќи некој не знае дека е функционер согласно законот, или знае ама не знае дека и по истекот на мандатот, уште 2 години си активен ПЕП статус.
PEPSearch го решава овој проблем!
PEPSearch ги прибира податоците за назначените лица од Државната Комисија за Спречување на Корупцијата, Седници на Влада, Материјали од Собрание, Записници од Државната Изборна Комисија, како и од Службен Весник, каде ги има информациите за именување и разрешување на функциите во Северна Македонија. За секој функционер има информација за Датум кога е почнал и Датум кога е завршен. Истовремено имате информација од Службен Весник, заклучот од ДИК, Седница на Влада или Совет, Материјали од Собрание каде што се гледа дека лицето е функционер.
Податоците за поврзаните лице се земаат од извори на информации каде ПЕП Лицето ја има наведно поврзаноста или релациите со овие поврзани лица. Тоа најчесто се работи за интервјуа, изјави, настани каде што функционерот објавува информации за поврзани лица. До сите вакви податици кои ги содржи PEPSearch има линк до изворот од каде е земена информацијата.
Преку Metricity од 2017 година до сега, податоците кои ги имаме од Државната Комисија за Спречување Корупција, Службен Весник, Владата, Собранието, Државната Изборна Комисија и др, во овој момент се за 14 535 функции од 2201 институции. Според Управата за Финансиско Разузнавање (која е надлежна за оваа област) околу 244 институции се активни и треба да бидат земени во предвид и во нашиот систем бројот на активни функционер е околу 1200 именувани функции.
Нашето искуство од Metricity ни покажа дека многу е битно да добивате навремено информации при секоја промена на статусот. Така да, ние Ви испраќаме известување секојпат кога некој функционер ќе заврши, односно ќе му се смени ПЕП статусот.
На едно место, со пребарување по Име и Презиме, добивате извештај за лицето. Можете да пребарате на Македонски Јазик, Албански Јазик или Англиски Јазик. Извештајот го добивате во ПДФ формат и го добивате на маил.
Доколку сакате да го поврзете PEPSearch со Вашиот систем, можете да го користите нашиот API интерфејс и да ги добиете информциите во json формат.
Повеќе информации за обврската од Законот може да добиете тука. Еве ја листата на институциите предложена од УФР.